Пијте вода и кога не сте жедни – еве ги благодетите кои ги добиваме од неа

Пијте вода и кога не сте жедни! Водата е неопходна за живот. Луѓето можат многу подолго да преживеат без храна, но без вода НЕ. Водата претставува околу 60-70% од нашата телесна тежина. Затоа, секое делче од нашето тело има потреба од неа за правилно да функционира. Недоволното внесување на вода води до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација веднаш носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор. Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја навлажнува кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини. Знаете ли кои се бенефициите кои пиењето вода ни ги носи за подобро здравје? Водата ја зголемува енергија, Водата го забрзува метаболизмот и помага во слабеењето. Водата помага подобро и подолго да вежбате. Водата го подобрува варењето на храната. Водата го намалува ризикот од камен во бубрегот. Водата го намалува стресот и ја зголемува концентрацијата. Водата може да ја излечи главоболката. Водата се бори против брчките и акните. Ајурведската медицина, стара повеќе од 5.000 години со потекло од Индија, има утврдено некои основни упатства за правилно пиење на водата, со цел да помогне за подобрување на здравјето на телото и да се спречи било какво заболување поради неправилни навики на пиење водата. Според Ајурведа, пиењето на вода на следниве начини е правилно за здравјето и функцијата на телото… 1. Пијте вода додека седите. Одбегнувајте пиење на вода во стоечка позиција; 2. Пијте вода полека, одбегнувајте ванесување на вода во големи количини наеднаш и во една воздишка; 3. Млаката вода е најдобра за пиење, се препорачува да одбегнувате пиење на многу студена вода или вода со мраз; 4. Најдобро е да пиете вода кога сте жедни. Кога ја почитувате вашата жед, внесувате онолку вода колку што му е потребно на организмот; 5. Кога ќе почувтвувате ситост при пиење на вода, запрете. Телото ви испраќа сигнали што треба да ги следите; 6. Бојата на урината ќе ви покаже дали телото е доволно хидрирано или не. Темно жолтата боја на урина може да сигнализира дехидрација на телото. Ако урината е чиста и безбојна телото е снабдено со доволно количество на вода; 7. Сувите и ипукани усни исто така може да сигнализираат недоволно внесување на вода во телото; 8. Времето помеѓу оброкот и пиење на вода треба да е од 1.5- 2.5 часови. Ова може да варира и според географската локација. На варањето на храната влијаат надворешни фактори исто колку и внатрешните, како што е случајот со темаратурата. 9. Во Ајурведата се препорачува пиење на вода за време на оброкот во нормална количина, одошто пред или по оброкот; 10. Ако сте навистина жедни, може да се напиете свеж џус од портокал по појадок, млеко со топен путер по ручек и млеко по вечерата. Овие напитоци во најголем дел содржат вода, својствата се сосема различни и се добри за дигестивениот систем. 11. Ushapan е позната Ајурведска практика на приење вода наутро. Редовното практикување на Ushapan го одржува телото здраво. Помага за заштита од заболувања и нарушувања на здравјето како главоболки , висок крвен притисок, анемија, дебелина, артритис и др. Па, после ова доколку ве убедивме во благодетите кои ги има и пресевува водата на нашето здравје, побарајте мало шише со вода и постојано чувајте го до себе. Започнете уште сега да ја користите моќта на водата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *