Како да имаме позитивен ден?

Новиот ден треба да се започне со позитивна мисла . Утринските ритуали нè подготвуваат за новиот ден и предизвиците со кои секојдневно се соочуваме.

Некои навидум едноставни нешта имаат голема моќ да нè исполнат со позитивни мисли и енергија кои ќе ни го променат животот.

Не е воопшто тешко секое утро да одвоите еден час за утринските ритуали, но со тек на време тие ќе ви станат рутина и ќе уживате во нивните придобивки.

Денот започнете го со Утрински вежби, затоа што сите знаеме колку се важни, а сепак ретко кој наоѓа време да вежба наутро. 15 минутни јога вежби или било кои други се неизоставен дел од патот кон здравјето, доброто расположение и позитивната енергија.

Многу значаен дел за убав и позитивен дел е Медитацијата. Таа ќе ве исполни со енергија и ќе ве подготви за новиот ден. 

  Не заборавајте дека Благодарноста е најзначаен дел за да ви биде денот исполнет со убави мисли и позитивни бибрации. Немој да заборавате да се заблагодарите за нештата кои ги имате. Запишете ги или гласно изговорете ги. Кога добро ќе размислите, сигурно има многу нешта за кои треба да бидете благодарни.

И, исто така многу значаен дел од нашето секојдневие се  Афирмациите.
Тие имаат чудесна моќ да го променат вашиот живот. Пред да започнете со секојдневните активности, гласно изговорете неколку афирмации и замислете ги нештата кои сакате да ги добиете од животот, замислете како ви се исполнуваат соништата и како ги постигнувате зацртаните цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *