Кои бои ќе се носат оваа есен?

Секоја сезона си го повлекува прашањето на кое веќе е време да го добиеме одговорот: Која боја на облека ќе биде во мода оваа сезона? Според модните стручњаци оваа сезона која боја и да ја искомбинирате нема да бидете на потсмев.

Но, сепак најмодерните бои и нијанси за оваа сезона и изборот на модните дизајнери се Кадифено сина, или нијанса која е нешто помеѓу сина и сива. Изгледа истовремено богато и топло, а најдобро одговара на кадифе. Потоа Замрзнато сина, Пепелаво сива, неизбежна и оваа сезона е Црвената боја која изгледа многу благородно и одговара скоро на сите без разлика на вашата боја на коса. Тука е и Нежната бордо боја.

Многу интересна и впечатлива оваа есен е Бојата на кафе со млеко, или прљаво бела. Но многу интересна за комбинации е и Смарагдно зелената. Оваа нијанса може да биде опишана во неколку зборови. Идеална е за девојки со есенски стил на облекување, со коса во боја на оган и темни или зелени очи.

Есен секако дека можете да го облечето важето омилено парче облека во боја на сенф. Ниту една жолта нијанса во есен-зима колекциите не е досадна, па и оваа сезона нема да биде изоставена. Секако може да искомбинирате и со Костенлива, Кадифе, антилоп и кожа се на првото место во сите колекции, без исклучок.

После ова наш совет за вас би бил, не користете премногу нијанси и бои, слободно облечете го вашето омилено парче облека, затоа што оваа есен се носи скоро се.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *