(ВИДЕО) Посебна едрилица ќе плови по светските мориња

“Flying Clipper” е првата едрилица на светот со вгради највисоки безбедносни стандарди за безбедно враќање во пристаништето, па ги исполнува сите барање на американската крајбрежна стража, како и Службата за јавно здравство на САД. Едрилицата е направена во Бродосплит, а планирано е да плови по сите светски мориња, вклучувајќи ги и водите на Арктикот и Антарктикот.

Наизглед старата едрилица всушност е луксузен брод кој ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Овој брод има должина од дури 162 метри, ширина од 18,5 метри, носивост од 2.000 тони и има пет палуби. На едрилицата ќе има 450 луѓе, од кои 300 патници, кои ќе бидат сместени во 150 луксузни кабини, а преостанатите 74 кабини ќе бидат 150 членови на екипажот. 

Иако има рустикален изглед, опремен е со најмодерна опрема. А поседува и големи салони, па дури и библиотека.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *