Како кафето влијае на нашето тело и расположение?

Меѓународната организација за кафе го прогласи 1 октомври за празник на сите љубители и производители на кафе.  Многумина од нас не можат да замислат да го започнат денот без првото кафе. Една шолја задоволство, а потоа се препуштаат на секојдневните обврски и предизвици. Кафето е најефикасно за „будење“ ако го пиете меѓу 9.30 и 11 часот. А мирисот и вкусот на кафето имаат антидепресивни својства.

 Според СЗО, дневно се пијат околу 1,5 милијарди филџани кафе низ светот.

– Постојат два основни вида кафе – арабика и робуста.

Дали знаете што на италијански јазик значи  „Еспресо“?  Во превод тоа е  пресувано.

Многумина знаат да кажат се препив кафе. Но само за појаснување:  Предозирање со кофеин е можно, но само ако испиете 30 кафиња во краток временски рок, на пример за 2-3 часа.

Кафето не само што е одличен напиток за да се расониме, тоа има и многу други позитивните придобивки за вашето тело.

Влијае на расположението

Ризикот од депресија е за 20 отсто понисок кај луѓе кои не пијат четири шолји кафе. Кофеинот влијае на хормоните допамин и серотонин.

Кафето го чува срцето

Дневната доза на кофеин, помеѓу 200 и 300 милиграми, го чува срцето, така што го подобрува протокот на крв во периодот кога мирувате.

Со неколку филџани кафе ја зголемувате енергијата

Секојдневното консумирање на овој пијалок е поврзано со 33 проценти понизок ризик од дијабетес тип 2.

Секојдневното консумирање околу 200 милиграми кофеин кој го внесувате со две шолји кафе, ја подобрува меморијата.

Но, да напоменеме дека кафето може има позитивни, но има  и негативни последици по здравјето. Кофеинот делува како психостимуланс, но во поголеми количини може да има токсичен ефект.

Затоа пијте кафе, но со мерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *