Со лук и кромид против карцином на дојка

Според најновите научно истражувања јадењето кромид и лук може да го намали ризикот од карцином на дојката. До овие сознанија дошла група професори од Универзитетот во Бафало и Универзитетот во Порторико кои ја истражувале  поврзнаноста меѓу употребата на кромид и лук и карциномот на дојката.

Резултатите кои ги добиле се многу значајни и истите покажуваат дека јадењето кромид и лук може да го намали ризикот од карцином на дојката дури 67 проценти.

Истражувачката Гаури Десаи истакнала дека истражувањето се спровело во Порторико бидејќи забележале дека тука има ниска стапка на рак на дојка.

Студијата опфатила 314 жени на возраст меѓу 30 и 79 години, кои имале карцином на дојката помеѓу 2008 и 2014 година, како и контролна група, составена од 346 учесници, кои никогаш немале карцином. Тие одговориле на прашањата во прашалникот откривајќи ги нивните навики во исхраната, вклучително и зачестеноста на јадењето лук и кромид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *