(ФОТО) Мистериозно езеро кое привлекува многумина, но пристапот до неговиот брег е забранет


Јапонското езеро Масу се наоѓа во Националниот парк Акан-Масу во северниот дел на земјата и се смета за свето од народот Аину. Но, пристапот до брегот на ова езерото не е дозволен за туристите од безбедносни причини. Густата магла што го опкружува и стрмните карпи ја загрозуваат безбедноста на посетителите.

Покрај неговиот мистериозен изглед и настанок, името на езерото е мистериозно. На аину јазик, езерото Масу е наречено Камито, што значи „езеро на боговите“, а локалното население верува дека кога некој поминува низ тежок период треба да пристапи што е можно поблиску до езерото, со надеж дека ќе добие одредена инспирација за решавање на проблемот.
Жителите на Аину веруваат дека во езерото живее женски дух, а според легендата, секој што ќе го види одразот во водата, што е тешко заради постојаната и густа магла, ќе го следат несреќи. Езерото е создадено со вулканска ерупција и лежи во калдерата веќе 2.000 години.

Езерото има длабочина од 212 метри, што го прави едно од најдлабоките во Јапонија и се смета за едно од најчистите во светот, со видливост од околу 30 метри во длабочина, пренесува BBC.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *