(ФОТО) Топлото време ги наполна охридските плажи и на крајот од октомври

Топлото време, но и топлата Езерска вода ги наполнаа Охридските плажи и на крајот од октомври. Иако е есен и крај на месецот октомври, температурите во најголемиот туристички центар во Македонија се и натаму високи и се движат до 30 степен.

Овој октомври ни донесе невообичаено високи температура за овој период од годината, па охриѓани но и туристите уживаат на песочните плажи.

  • Сончање, пливање и уживање, ова е рај велат охриѓани. Ваков убав одмор и мир за душа нема ни преку лето, велат тие.

фото: фејсбук

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *