Koja e жената која ги воведе секс играчките?

Беате Узе – жената која ги отвори секс шоповите во светот, имаше пионерска улога во областа на еротските производи и ги охрабруваше луѓето да покажуваат повеќе страст денеска ќе наполнеше 100 години, пишува Дојче Веле (DW).

Германката се одлучи сите свои идеи за секс играчки да му ги покаже на светот во време кога за сексуалноста не се зборувало ништо јавно, а и немало доволни свест дека сето тоа може да се поврзе со радоста и задоволство, пишува DW.

Беате Узе е родена во 1919 год. Родителите ја воспитувале да биде отворена и либерална. Татко и бил земјоделец. Тој во шталата каде чувале многу животни и покажувал како се размножуват животните. Нејзината мајка била една од првите Германки кои завршиле медицина во Германија. Таа отворено на својата Ќерка и зборувала за сексот дури и препорачувала средства за контрацепција.

Узе во 1937 год одлучила во Берлин да стане пилот.  Таа за многу кратко време станала спортски и уметнички пилот. Во 1939 год се омажила за својот инструктор по летање Ханс Јирген Узе, а во 1943 год им се родил и првиот син. Една година подоцна нејзиниот сопруг загинал во авионска несреќа.

Узе подоцна се мажила со трговецот Ернсторн Валтер Ротермунд по што добиле  уште два сина. Синовите подоцна се приклучиле во бизнисот на својата мајка.

Беате Узе во 1996 год отворила и Музеј за еротика во Берлин.

Беате Узе починала во 2001 год во 81 година од животот од воспаление на плуќа.

фото: eg.ru

фото: Cdm.re

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *