(ВИДЕО) Во царскиот „Луи Витон“ чувале пченка за кокошките

Ковчег стар околу 150 години, од луксузниот француски бренд „Луи Витон“ пронајден е во домот на постар брачен пар од Украина. Парот во ковчегот чувале пченка за хранење кокошки и не ни сонувале за вистинската вредност на предметот. Брачниот пар не можел ни да замисли каков артефакт чуваат во домот, а го сочувале со години, затоа што им бил корисен и во него чувале разни предмети. Првите претпоставки се дека ковчегот бил сопственост на некогашната руска царска династија Романови.

„Ковчегот е произведен на почетокот на 1880 година, а сегашната вредност му е околу 11.000 долари. Вакви ковчези аукциските куќи имаат продавано на аукции и по цени од 100.000 долари“, изјави Максим Буларк директор на музеј од Украина.

Брачниот пар за своите потреби купиле нов обичен лимен сандак, во кој од сега ќе ја чуваат пченката за кокошките.

фото и видео: Ruptly

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *