На погреб во Германија по грешка послужиле торта со марихуана

Погреб на истокот од Германија ненамерно заврши со поинакво расположение кога на присутните по грешка им била послужена торта со марихуана. По погребот, луѓето се собрале во ресторанот да пијат кафе и јадат торта, што е обичај во Германија, но откако ја изеле тортата , 13 од нив почуствувале мачнина и вртоглавица и побарале лекарска помош.

Полициската истрага открила дека вработена во ресторанот за тортите ја замолила да ги испече нејзината 18-годишна ќерка . Сепак, мајката случајно ја зела погрешната торта од замрзнувачот. Таа земала хаш торта што тинејџерката ја направила за друг повод. Полицијата соопшти дека тинејџерката што ја испекла тортатат е под истрага.

Инцидентот се случил во август, но не бил објавен порано заради почит кон ужаленото семејство , соопшти полицијата во Росток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *