(ВИДЕО) Меланија Трамп блескаше и на Halloween, таа делеше чоколадца со својот сопруг

Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија ја прославија својата трета „Ноќ на вештерките“ во Белата куќа, која за оваа прилика била уредена во стилот на „проколнатата шума“. Првата дама на САД  на традиционалниот настан ги поздравуваше малите гости заедно со нејзиниот сопруг Доналд. Таа се појави во палто од актуелната колекција на Мајкл Корс, кое чини 6.000 долари и обувки од Маноло Бланик.

На скалилата од јужната страна  од Белата куќа беа поставени стотици тикви, а на столбовите имаше црни стебла, кои изгледаат како проколната шума.

Давањето слатки на децата е долга традиција во Белата куќа. Првите прослави за Ноќта на вештерките во Белата куќа започнале во 1958-ма година, но семејството Никсон било првото што ги поканило и локалните деца на настанот.

фото и видео: VOA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *