(ФОТО) Ова официјлно е најдолгиот изваден заб во светот

И покрај тоа што на прв поглед личи на заб од тигар, сепак овој заб е од човек.

Катник долг неверојатно 37,2 милиметри изваден е во Мајц – Германија во септември 2018 год, но сега официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди. Забот е изваден од Мијо Водопија, Германец со херватско потекло, кој отишол на забар поради јаки болки. 

Тој имал оток, вели др. Макс Лукас, професор на Универзитетската клиника кој го снимил забот и заклучил дека мора да се вади.

Тој раскажал дека операцијата не била спектакуларна, но тој бил воодушевен од катникот, кој уште на снимката го видел дека е невообичаен.

Беше неверојатно долг, вели др Лукас кој ги собрал сите докази и го пријавил забот за Гинисовата книга на рекорди.

И после низа проверки, сега веќе и официјално е потврдено дека во неговата ординација е изваден најдолгиот заб на светот.

фото: Блиц

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *