(Видео) Мараја Кери го најави почетокот на празничната сезона

Со почетокот на ноември службено почна предновогодишната сезона, барем така вели Мараја Кери во урнебесното видео со кое се пошегува на своја сметка.

Имено во краткото видео објавено на Твитер, 49годишната пејачка заспива во костим на рок ѕвезда од 80те за да со отчукување на часовникот на полноќ, на смарт телефон и со звуците од нејзиниот божиќен хит  „All I want for Christmas is You“ одговори на повик од Дедо Мраз, облечена во божиќни пижами и радосно го најави почетокот на празничната сезона.


Видетото стана вирален хит на Твитер и преку ноќ собра над 350.000 лајкови.

фото и видео: Mariah Carey Twiter

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *