Самоук изработувач на виолини од Велес со грст меѓународни награди – кој е Светозар Богдановски?

Светозар Богдановски е самоук изработувач на виолини. Велешанецот  ја направил првата виолина пред 35 години за својот син Костадин, тогаш на возраст од седум години, кој посакал да учи виолина.

„Морав да создадам услови за него (Костадин) да се развива. Првиот услов беше да се има добар инструмент, за кој немав пари“, истакна  Богдановски за Ројтерс.

Денес виолините на Богдановски се со цена од 60.000 евра и се продаваат низ целиот свет, додека Костадин е меѓународно признаен виолинист. Неговата помала сестра Фросина исто така е професионална виолинистка.

Богдановски користи јаворово дрво за дното на своите виолини и смрека за горниот дел, двете исклучиво од древни босански шуми. Дрвото прво се суши, а потоа неколку години се чува натопено во солена вода пред да почне изградбата на инструментот.

Од сите меѓународни награди кои ги има освоено, посебно е горд на тоа што двапати ја освоил престижната награда на Американското друштво на виолинисти во 2008-ма и 2012-та година.

Извор: Црно и бело

Фото: ФБ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *