Банкарот Борјан Пановски, прв Македонец со едрилица преку Атлантикот

Почетното пристаниште е Лас Палмас, Шпанија, а се впловува во Света Луција, на Карибите. Годинава, дел од оваа морска одисеја, која почнува на 24-ти ноември, ќе биде и еден Македонец.

Секој ноември, од 1986-та, се организира преминување со едрилици преку Атлантикот до Карибите, во рамки на регатата, Atlantic rally for Cruisers. Почетното пристаниште е Лас Палмас, Шпанија, а се впловува во Света Луција, на Карибите. Годинава, дел од оваа морска одисеја, која почнува на 24-ти ноември, ќе биде и еден Македонец, објави Гласот на Америка.

Банкарот Борјан Пановски живее веќе 15-на години во САД и работи од 9 до 5 во Вашингтон, во секторот за финансирање инфраструктурни проекти за транспорт и енергетика. Но, пасијата кон едрилицата му дава нова енергија, смисла на животот…

Ќе биде првиот човек Македонец што го минал Атлантикот со едрилица. Маршрутата на регатата е од Лас Палмас, Канарските острови, до Света Луција, Карипските острови.

Потфат, но и голем предизвик.

Текстот во целост на: Гласот на Америка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *