Пронајдени тајни документи-додека Тито бил во кома, се изеле 100 кг свинско и испило 91 шише виски

По 40 годни во Клиничкиот центар во Љубљана се пронајдени документи од лечењето на Јосип Броз Тито.Тој последните недели пред смртта ги мина во Словенија и за него се грижеше конзилиум од најдобрите доктори.

„Јутарњи.хр“ објави дека документите даваат ново светло на последните месеци од животот на Тито и неговиот персонал во најдобрата медицинска установа во поранешна Југославија.

За документите прв објави словенечкиот портал „24ур“. Тие биле пронајдени во просторија до која водат подзмени ходници, а која последен пат била користена како засолниште за време на краткотрајната војна на Словенија со ЈНА во 1991 година, иако се мислеше дека целата документација поврзана со лекувањето на Тито од Љубљана е пренесена во Белград.

Повеќето документи содржат податоци за сè што било платено за време на престојот на Тито и неговиот персонал во болницата, укажувајќи на удобен живот. За еден месец биле изедени 100 килограми свинско месо, 31 килограм „бејби биф“, 18 килограми свински врат, повеќе од 15 килограми пршута и 90 килограми конзервирана шунка.

Во истиот период биле платени 91 шише виски, 20 шишиња рум, 11 шишиња вотка и 100 литри вино, а според една сметка нарачани биле 700 парчиња торта, 200 ролати, 200 крофни…

Освен сметките, бил пронајден и допис од Институтот за патологија во кој било наведено дека обдукцијата на Тито ќе чини 33.437 динари. Лекувањето на Тито го платила тогашната Социјалистичка Република Словенија и чинело два милиони и сто илјади динари. Го лекувале седум доктори од Словенија, САД и Русија, пишува „Јутарњи.хр“.

Тито во болницата во Љубљана ги поминал последните четири месеци од животот. Познато е дека не ги слушал лекарите и дека не сакал да се откаже од омилените храна и пијалоци. Тој во последните 68 дена бил во вештачка кома, приклучен на респиратор, така што е јасно дека не можел да ги конзумира храната и пијалоците од сметките. Така да многу е логично да се заклучи дека храната и пијалоците биле нарачувани за персоналот, а не за Тито, затоа што тој бил во кома.

фото: Стандард

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *