Портрет на младиот Волфганг Амадеус Моцарт се продаде на аукција во Париз за четири милиони евра

Редок портрет на младиот Волфганг Амадеус Моцарт се продаде на аукција во Париз за четири милиони евра, далеку повеќе од она што се очекуваше.

Портретот го прикажува Моцарт како свири на чембало за време на турнеја низ Италија во 1770 година, кога имал само 13 години и веќе важел за музички гениј. Според аукциската куќа „Кристис“, Моцарт и неговиот татко престојувале во Верона, кога висок градски функционер и негов голем фан го нарачал портретот. Тој е насликан од локален уметник.

„Сликата, најверојатно, е дело на Џамбетино Чињароли, кој бил роднина на Пјетро Луџати, кој ѝ ја нарачал“, изјави Астрид Сентнер, шефицата на одделот за стари уметнички дела на „Кристис“ во Париз.

Само пет портрети на Моцарт се направени во текот на неговиот живот.

фото: CNN.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *