До која година децата треба да веруваат во Дедо Мраз – што мислат психолозите?

Да верувате во Дедо Мразе исто како да верувате во бајки. Дедо Мраз треба да биде важен дел од растењето на секое дете, затоа што самата приказна за Дедо Мраз е многу позитивна.

 Овој лик на децата им буди чувство за праведност и желба, да и тоа кога ќе порасне да наградува се што е добро.

Приказната за дедо Мраз исто така го потикнува детето да биде послушно за на крајот од годината да добие награда.  Сепак на одредена воздраст секое дете, порано или подоцна ја дознава вистината за Дедо Мраз. Психологот Радмила Вулиќ Бојовиќ открива која воздраст е најпогодна децата да ја сознаат вистината за приказната за Дедо Мраз.

  • Не постои некоја зацртана старосна граница, за на децата да им се каже вистината за Дедо Мраз. Тоа зависи од самото дете и од тоа колку родителите имаат желба да инвестираат во одржувањето на приказната за Дедо Мраз. Некои деца многу брзо дознаваат дека Дедо Мраз всушност не постои. Сето ова е поврзано не само со материјалното, туку и со тоа колку родителите се трудат да ја одржуваат приказната или илуизијата. Се претпоставува дека децата во основно образование треба ја сватат дека нешто во приказната за Дедо Мраз е измислено и креирано, но нема правила, вели за Телеграф, Радмила Вулиќ Бојовиќ.

Со оглед на тоа дека приказната за Дедо Мраз е многу позитивна потрудете се во неа што подолго да верува вашето дете.

Приказната за Дедо Мраз е прказна која објаснува дека кога си добар тогаш си и награден. Тоа не е лоша приказна. Оваа приказна им помага на децата да се снајдат во светот, дека е важно да се трудиш за тоа што го сакаш, и дека според заслуга истото и ќе го добиеш.

Вулиќ Бојовиќ смета дека најдобро е детето само да свати дека Дедо Мраз не постои и дека се е само добра приказна.

Фото: JellyTelly

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *