Што се лечи предењето на мачките?

За благодетите кои во нашите животи ги носат домашните миленичиња постојано се зборува, а предењето на мачките е една од водечките методи на лечење која овие грациозни животни ја применуваат врз своите сопственици. Интернетот изобилува со информации за придобивките од предењето на мачката за вашето здравје. Секој што чува мачка ќе признае барем дека предењето е многу необична и малку мистериозна појава.

Свесни за предвидените ефекти кои мачките ги имаат врз луѓето, вработените во асоцијацијата „Animal Care“ од Пакистан направиле корисен водич со информации со кој точно ќе ги дознаете предностите на мазата која ви се мотка околу нозете, иако понекогаш тоа и ве нервира.

Го намалува стресот

Вибрациите кои се создаваат за време на предењето на мачките делуваат седативно на нервниот систем на луѓето и така нè смируваат. На овој начин се намалува стресот и напнатоста која редовно ја чувствуваме по враќањето од работа.

Дијагностика со предење

Во светот лекарите стануваат сè повеќе свесни за „моќите“ кои ги поседуваат мачките. Имено, после низа истражувања, лекарите дошле до заклучок дека предењето на мачките се разликува во моментот на уживање и во моментот на предупредување на луѓето за одредена болест. Исто така, постои поврдена студија за видот на предење кој е поинаков во зависност од болеста.

Го намалува крвниот притисок
Крвниот притисок е нешто кое предењето на мачките може да го регулира. Тоа не значи дека не треба да се користи наместо лекови, се разбира, ама во секој случај убаво ќе влијае врв оној што има проблем со притисокот.

Ги јакне коските
Според зборовите на светските ортопеди, фрекфенцијата од 25-200 херци која ја произведува мачката во текот на предењето, е најдобра за зајакнување на коските.

Отстранува отоци и инфекции
Стручњаците исто така тврдат дека силната вибрација која мачките ја произведуваат влијае на забрзувањето на циркулацијата, што придонесува за побрзо намалување на отоците и елиминирање на инфекциите од организмот.

Дијагностика со предење
Во светот, лекарите стануваат сѐ посвесни за „моќта“ која ја поседуваат мачките. Имено, по низа истражувања лекарите дошле до заклучок дека предењето на мачките се разликува во моментот на уживањето и во моментот на предупредувањето на човекот на некоја одредена болест. Исто така, постои студија за видот на предењето кое е поинакво во зависност од болеста.

фото: Lifestyle

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *