(ВИДЕО)Создадена нова сорта јаболки во САД кои во фрижидер траат до една година

Новата сорта јаболка наречена „космик крисп“ (Cosmic Crisp), која научниците ја развивале цели две децении и наводно може да стои во фрижидер до една година се најде на американскито пазар.

Оваа американска сорта на јаболко потекнува од државниот универзитет во Вашингтон уште во 1997 година. Истражувањето и доаѓањето до цврсто, свежо и сочно јаболко чинеше 10 милиони долари.

Моментално јаболкото е достапно само во САД, но се очекува да пристигне и во продавниците ширум светот на почетокот на следната година.

Оваа сорта се добива со вкрстување на две постоечки сорти јаболка за да се создаде уште послатко, посочно овошје кое, ако правилно се чува, може да остане свежо и до една година.

фото: Q13 Fox

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *