Родени се првите ГМО бебиња – Започна создавањето на „вештачка“ популација!

Како што тргнаа работите, наскоро ќе бидеме сведоци на постоење на две раси на луѓе. Едните создадени од бог, додека другите ќе бидат вештачки создадени.

Вештачките ГМО бебиња веќе се создадени.

На 25 февруари ова година американската ФДА го одржа првиот јавен состанок на кој се зборуваше за генетскимодифицирани луѓе и нивните „предности“ . Експертите јавно проговорија дека со комбинација на човечки и животински ДНК, покрај создавањето на хидри со животински и човечки гени, на ред дојдоја и модифицирани човечки ембриони со патентирани гени.
Дејли Маил, од друга страна открива дека на 01.03.2014. се родени првите генетски модифицирани бебиња во САД и дека вакви бебиња треба да се родат уште 29.

Оваа вест е шокантна, затоа што во образложението се наведува дека бебињата се направени од три родители, што не наведува да размислуваме на можните морални и етички вредости.

Бебињата се создадени во центарот за репродуктивна медицина и наука „Свети Барнабас“ во Њу Џерси. Агенцијата ФДА најпрво требаше издејствува правила за создавање на ГМО бебиња, а дури после тоа требаше да собере храброст да започне со овој чекор, но се чини дека работите малку излегоја од контрола.

Како причина за создавањето на вакви деца се наведува стравот од пренесување на гени од родителите за некоја наследна болест, па под оваа маска на родителите со вакви гени им се дава можност  да имаат здрави деца. Родителите кои ќе се одлучат да си „купат“ вакво дете, ќе имаат можност да си го „обликуваат“ своето дете, што во секој случај е застрашувачки факт.  Тие ќе можат да бираат висина, тежина, боја на очи, облик на носот и се останато.

Вакво мешање на човечки гени за голем број од луѓето е играње со нешто кое може да излези од контрола.  

Што мислите вие???

фото: Seeker

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *