Со зимата стигнаа и настинките – ви нудиме совети за јакнење на имунитетот

Полека но сигурно, вистинската зима пристигна. Со неа некако неизбежни се настинките. Од вас зависи дали при првото кивање или гребење на грло ќе трчате на доктор или сами ќе направите домашни напивки за зајакнување на имунитетот или пак лекови кои ќе ви помогнат да не стигнете до антибиотици.

Чај од Цитрус  

Во литар вода која врие додадете еден исецкан лимон , помал корен од џумбир. Ова оставете го да стои 10 минути, па процедите. Оваа мешавина е богата со антиоксиданси и витамин  Ц, веднаш делува со тоа што го намалува воспалителниот процес и ја подобрува работата на дигестивниот систем.  

Солена вода за плакнење на грлото

Во топла вода додадете ½ лажица морска сол и ислакнете го грлото четири пати дневно.

Маст за смирување на симптоми на прехлада

Оваа маст може да ја направите на следниов начин:  Помешајте 2 лажици пчелин восок со околу 100 грама кокососво уље, 20 капки етерично масло од еукалиптус, 10 капки нане . Еукалиптусот  помага за да го разгради слузот, нането го олеснува дишењето, а чаевите делуваат благопријатно. Намачкајте се од оваа мас на градите или околу носот за да си го олесните дишењето.

Плакнење на носот со раствор од морска сол

Во пластичен сад помешајте 1 лажица сода бикарбона и 3 лажици морска сол. Една лажица  од оваа мешавина ставите во литар вода која врие. Отако ќе се олади од овој раствор ставите во носот.

Фото: pinterest.co.kr

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *