Без дилема, истражувањата покажаа – електронските цигари се штетни

Се повеќе се шпекулира околу влијанието на електронските цигари врз нашето здравје, а сега и резултатите на новите истражувања покажале дека електронските цигари кои содржат никотин предизвикуваат висок притисок, го забрзуваат срцевиот ритам и предизвикуваат срцеви заболувања.

Додека според едни електронските цигари се поздрави од обичните, новите истражувања фрлаат сенка на овие тврдења. Имено најновите  истражувања покажале дека оние кои користат е-цигари со никотин имаат тројно поголеми шанси да добијат некое срцево заболување.

Истражувањето опфатило 15 млади лица, здрави волонтери на возраст од околу 26 години. Сите пушеле до десет цигари месечно, обично на излегување, а електронски цигари претходно немале ниту пробано.

Во рамките на ова истражување користеле електронски цигари- еден ден оние со никотин, а друг ден оние без никотин.

После ова, кај нив било забележано губење на еласатичноста на артериите, што според доктор Лундбек е состојба која на подолг временски интервал со користење на овие електронски цигари може да доведе до бројни хронични заболувања.

Инаку во земјава годишно се евидентираат околу 20 илјади смртни случаи од кардиоваскуларни заболувања, а токму пушењето го зголемува ризикот од нив.

Во Македонија се намалува употребата на тутунот кај младите, но бројката кај возрасните и натаму е висока, а тој е втора причина за смрт од кардиоваскуларни заболувања, после крвниот притисок, покажуваат истражувањата на здравствените институции. Според последните податоци, во земјава речиси една половина од населението се пушачи.

фото: Sputnjik – Sputnik News

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *