Која е „свршена“жена за мажите?

Физичкиот изглед е она што освојува на прв поглед, но „вајано“ тело и совршени црти на лицето неможат да одржат една врска.  По некое време партнерите ги отстрануваат розевите очила преку кои го гледале партнерот и од тој момент стануваат битни многу позначајни работи.

Според мислењето на мажите совршената жена треба да ги има овие квалитети:  

Таа треба да има сопствен идентите, да биде сигурна во себе и во своите квалитети.  

Мажите сакаат жени кои се самостојни, кои се свесни за своите квалитети и кои се доволно амбициозни. И покрај тоа што јавно не откриваат баш се, но вистината е дека мажите сакаат УСПЕШНИ жени.

Мажите ги привлекуваат жени кои се доволно мотивирани и имаат желба да напредуваат на сите полиња и секако жена која ќе им биде поддршка.  Мажите не сакаат да имаат партнерка покрај која ќе мораат да работат се.

Најпривлечни за нив се жените кои имаат позитивен став и поглед на животот.

Посилниот пол сака со својата партнерка да ги дели своите соништа и да бидат поддржани во секој чекор. Дури и оние најсилните неможат да одат напред без некој да ги поддржува.

фото: Prijedor24H

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *