(ФОТО) Модните критичари уште еднаш воодушевени од стајлингот на Маленија Трамп – воодушевува со едноставноста

Меланија уште еднаш демонстрираше како изгледа совршено стилски усогласена комбинација…Традиционално, 49-годишната Првата дама посети детска болница во Вашингтон и им читаше приказна на малите пациенти. Облечена во кафеава ролка и светлосино здолниште од Прада, Меланија се дружеше со дечиња кои од здравствен аспект не го имаат најдобриот почеток во животот.

Oвој стајлинг на Меланија е совршен за деловната комбинација или некоја слична прилика. Благодарение на овогодишната најпопуларна боја таа ја збогати „строгоста“ која деловниот аутфит ја поседува.

Модните експерти велат дека спојот на кафена и минт боја, томку како што ги искомбинира и Меланија, се победничка комбинација.

Стајлингот го направи интересен со ременот во нешто посветла нијанса на кафена боја. Овој аксесоар е феноменален бидејќи ја нагласува половината и фигурата ја прави поскладна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *