Јапонско јаболко – полно со витамини и минерали

Јапонското јаболко е нутритивно многу вредно овошје кое содржи голема количина на хранливи материи: витамини А, Б и Ц, јод и железо . Јапонското јаболко можете да го јадете колку што сакате, но обидете се тоа да не е повеќе од две до три овошки во текот на денот, за да спречите дијареја и стомачни тегоби.

Изобилува со витамин А, бета каротен, ликопен, лутеин и криптоксанин. Овие состојки штитат од штетното дејство на слободните радикали, кои го забрзуваат стареењето и се извор на други здравствени проблеми.

Присуството на Б-комплекс и витамини како фолна киселина, витамин Б-6, тиамин итн. играа важна улога во ензимските процеси на метаболизмот.

Одличен извор е и на витамин Ц. Редовното конзумирање јапонски јаболка му помага на телото да го зајакне имунитетот против разните вируси кои владеат во зимскиот период. Свежите јапонски јаболка содржат и минерали како манган, бакар, фосфор и калциум. Овие минерали го подобруваат размножувањето на црвените крвни зрнца.

Придобивките од јапонското јаболко се многубројни. Ниска количина на калории и масти. Исто така е добар извор на растителни влакна, кои помагаат при варењето на храната.

Богати се со полифеноли – антиоксиданти. Овие состојки помагаат при превенцијата од рак. Имаат и антиинфекциско својство и се добри за имунитетот.

Ова овошје е многу корисно за лица со анемија или кардиоваскуларни заболувања. Јапонското јаболко содржи сосема мала количина на овошна киселина и не им пречи на луѓето со гастроинтестинални проблеми.

Сепак, има такви за кои ова овошје може да биде опасно. Лекарите предупредуваат дека треба да го избегнуваат лица со проблеми со панкреасот или камења во бубрезите.

Дијабетичарите пак, смеат да го јадат во количина од најмногу еден плод дневно, бидејќи содржи доста шеќери.

фото: Архива

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *