12 декември – денот кога сите чуда се возможни, еве зошто …

Денеска 12-ти декември 2019 год, астролозите потенцираат дека е денот  кога сите чуда се возможни. Денеска според астролозите се отвора таканаречениот портал на дванаесеттицата.

Од ноќва се смета за почеток на зимското помрачување. Оваа ноќ ќе има неверојатна сила, бидејќи ќе доминира нова енергија и ќе започне ново поглавје.

Астролозите советуваат да започнете со некои нови активности или реализирање на плановите кои долго ги одолговлекувате. Ова може да биде денот кога ќе започнете нови почетоци.

Според астролозите,  Венера, Сатурн, Плутон се наоѓаат во идеална положба. Нивниот распоред создава можност за позитивни настани. Ова е последната полна месечина за оваа деценија

Ова е 12-тиот ден во месецот, 12-тиот месец во годината, а збирот на цифрите на актуелната година, исто така изнесува 12, (2 + 0 + 1 + 9 = 12).

Во поглед на нумерологијата, 12 е посебен број кој има моќ, бидејќи е 12-ти месец во годината, има 12 хороскопски знаци, има 12 главни богови и божици на Олимп, 12 часа ноќ, 12 часа ден.

Се верува дека 12 е број на ангелите и нивната сила.

фото: Другите новини

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *