Зошто се пости во среда и петок?

Под пост, во поширока смисла на зборот, се подразбира севкупниот христијански живот и начин на постоење во Црквата, опфаќајќи ја тука и молитвата. Затоа, условно, постот може да се подели на телесен и духовен. Во потесна смисла под зборот пост најчесто се подразбира телесниот пост, којшто е воздржување од некои јадења во деновите и временските периоди што Црквата ги одредила во текот на годината. Овие денови точно треба да се запазат и никој да не измислува, без благослов, повеќе или помалку од она што Црквата од Светиот Дух вдахновена го определила. Вистински пост и молитва како благодатни дарови Божји постојат само во Црквата и никогаш надвор од неа. Тоа значи дека тој што пости и се моли треба да е крстен, да се причестува, да се исповеда, да ги почитува и да учествува во сите други Свети Тајни на Црквата.

Но со оглед на тоа што црквата определила ст=троги посто кои генерално се пред некој голем празник, одредени лица постат и во среда и петок, или среда или петок. Во поглед на постењето во среда и петок, покрај она што е кажано во 66-тото апостолско правило, на ова место го изнесуваме и она што го кажал блажениот Петар Александриски во своето 15-то правило:

“Никој да не не обвинува што ги држиме среда и петок, денови во коишто ни е заповедано да постиме;

Во среда поради заговорот што го направил Јуда за предавството на Господа,
а во петок поради тоа што  тој за нас пострада.

фото: Православен календар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *