Еве кои знаци ви покажуваат дека сте под постојан стрес

Живееме во еден брз и динамичен свет во кој најтешко се справуваме со времето и со континуираниот притисок да бидеме добри во она што го правиме, приватно и професионално. Динамичниот начин на живот најчесто предизвикува дополнителна напнатост и неровоза, односно состојба на стрес. Ваквата состојба значително влијае на нашето однесување во сите свери на општественото живеење.

Еве кои знаци ви покажуваат дека сте под постојан стрес

– Уморни сте и покрај тоа што спиете доволно. Спиете редовно и доволно, но и покрај тоа се чувствувате уморно и повеќе сакате да се вратите во кревет отколку да правите што било друго.

– Тешко се будите наутро. Поради долготрајната изложеност на стрес, надбубрежната жлезда не лачи доволно од хормонот кортизол кој наутро обично го стимулира создавањето енергија во нашето тело и ни помага да се разбудиме.

-Немирен сон и кошмари. Кога спиете подолго, се зголемува и бројот на пријатните соништа. Но кога сте нервозни и напнати, често се будите во текот на ноќта бидејќи кошмарите ги заменуваат убавите соништа.

-Имате голема желба за солена храна. Хроничниот стрес ја нарушува рамнотежата на електролитите во телото, па често имате потреба од нешто солено.

– Ви се свртува кога станувате од седечка или лежечка положба. И овој симптом е директна последица од недостатокот на електролити.

– Проблематичен ПМС и нередовна менструација. Поради стресот се лачат вишок хормони на стрес кои пак предизвикуваат нерамнотежа и на половите хормони. Ова резултира со силни ПМС симптоми и нередовен циклус. Болните менструални грчеви почесто се јавуваат кај жените кои се под стрес за разлика од другите.-. Често сте настинати. Хроничниот стрес го намалува вашиот имунитет, па вашето тело потешко се справува со бактериите и вирусите на коишто сте изложени.

– Кожни болести. Поради стресот и емоционалното оптоварување можно е да се појават и кожни болести.

– Појава на нови алергии. Хормоните на стрес го поттикнуваат лачењето на протеинот во крвта кој е одговорен за алергиските реакции во телото.

– Болки во стомакот. Иако поврзаноста помеѓу вознемиреноста и болките во стомакот сè уште не е доволно истражена, во многу ситуации е докажано дека грчевите во стомакот потекнуваат од нервоза, стрес и анксиозност.

– Нагло дебелеење или слабеење. Ако забележите значителна промена во телесната тежина без да направите промена во начинот на исхрана или вежбањето, најверојатно сте изложени на многу стрес. Стресот предизвикува хормонални промени кои пак имаат влијание на вашата тежина. Најчесто има влијание на работата на тироидната жлезда.

фото: tipssukseskerja.wordpress.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *