Постарите браќата и сестрите имаат голем коефициент на интелигенција, но зошто?

Според истражувањата на Универзитетот во Единбург, постарите браќата и сестрите имаат голем коефициент на интелигенција. Имено, веќе во првите години живот, старите деца постигнуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција од помладите браќа и сестри. Научниците сметаат дека причината за тоа е фактот дека првородените имаат повеќе поддршка од родителите кај задачите кои ја поттикнуваат нивната когнитивна способност.

Освен тоа, научниците открија дека родителите го менуваат своето однесување по раѓањето на првото дете. Тоа е резултат на истражувањата на паровите – кои на своите помлади деца не им придавале толкаво ментално внимание. Понатаму, родителите зимаат помалку време за помладите потомци – за со нив да поминуваат време во активности какви што се читањето, изработување на предмети со раце или свирење на некој инструмент.

Истражувањата исто така, покажуваат дека младите деца мора да се ориентираат на непотполно развиениот говор на постарите браќа и сестри. Преземањето на незрелети јазични конструкции може исто така да делуваат на слабите вербални резултати кај тестови, тврдат научниците.

фото: BonOrganik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *