6 причини зошто е добро децата да си играат сами

Родителите често чувствуваат грижа на совест затоа што своите намили ги оставаат сами. Но, ова и не е така лошо, а еве и зошто …

Децата учат како са управуваат со времето

Кога ќе порасните и кога правите било што сами, мора да знаете да си го организирате времето , без некој постојано да ве подсеќа што понатака. Самостојното играње може да му помогне на детето да работи во временски оквир во кој ќе го постигне тоа што го сака.

Учат како сами да се забавуваат

Кога децата знаат сами да се забавуваат, тие си ја развиваат својата имагинација. Кога детето е само тоа ја развива и користи својата имагинација на различни начини многу повеќе отколку да игра со други деца. Едностано речено вашето дете нема избор отколку да биде креативно.

Сваќаат дека во животот не е брзање

Во животот нема да имате секогаш некој со кого можете да се дружите, разговарате …Ќе има периоди – било тоа да се само неколу часа или денови – кога ќе бидете исклучително сами. Иако тогаш се чувствувате многу осамено сваќате дека во живото не е се брзање, а ова е многу битно да го научиме како мали.

Занаат да уживаат во друштво со себе си

Зарем не е многу убаво кога добивате барем и 5 секунди за себе да правите нешто што многу сакате? Децата би требало да научат како да уживаат во своето друштво –  да се биде сам не значи дека ќе се биде осамен.  

Учат како сами да се решат проблемите

Кога на детето му е дадена прилика да биде самостојно и независно тоа учи како да ги реши проблемите без помош. Без оглед на тоа што е во прашање денеска тоа е игра утре веќе некој поголем проблем, а секако е многу битно сами да можеме да се снајдеме во било која ситуација.

Учат што значи да му се даде на некого простор и зошто е тоа важно

Кога на детето ќе му кажете дека ви треба малку простор да завршите некој аработа или само да бидете кратко сами вие го учите:

Да го почитува тоа што на мама и треба малку време да биде сама( како и тоа дека на луѓето некогаш им треба простор и време да бидат сами)

Дека понекогаш работата е на прво место и дека обврските кои ги имате да ги завршите се приоритет.

фото: Moj pedijatar

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *