Внимавајте што посакувате, затоа што тоа ќе ви се оствари!

Животот колку да ни изгледа комплициран, тој всушност е многу едноставен. Но, треба да сфатиме две работи:

1. Доколку вистински сакаш нешто, истото ќе го добиеш.

2. Тоа што си бараш, тоа и ќе си најдеш.

Прво и основно – сè е психа. Доколку знаеш да управуваш со неа – супер, си имаш целосна контрола над себеси. Работите се онакви какви што ги гледаме, сè зависи од тоа како ги доживуваме нештата, и доколку самите се мотивираме и насочиме кон целта, ќе ја достигнеме. Ако желбата е силна, тогаш целосно се насочуваме кон остварување на целите и го освојуваме посакуваното. Нокогаш немој ни да помислувате на ова: „ Не ме бива“„Не сум роден/а за тоа“„Не сум јас за таа работа“… сето тоа во превод значи сакам ама дај боже да не ми се оствари.

Внимавајте што посакувате, дали искрено го сакате тоа и колку сте подготвени да се жртвувате за истото. Не бидете дел од монотоната шема, заслужувате да целите на високо, бидејќи оној кој нема цел, не знае ни каде оди. Но не целете високо доколку не сте подготвени за борба.

фото: Tristan maag blog

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *