Посадете „Божиќна пченица“ -треба да биде зелна и бујна, зошта такви ќе бидат и жетвите во текот на годината

Раѓањето на Исус Христос е празник кој се прославува со семејството како и со одење на црковна богослужба.

Покрај сите обичаи, собирањето на целото семејство околу богатата трпеза е централен настан. Задолжително се пали кандило и се крши погача. Но на масата мора да има уште еден од големите симболи на христијанскиот празник – Божиќно жито.

Иако пред Божиќ може да се купи речиси сегаде, пожелно е самите да го засадите.

За да израсне до Божиќ треба на време да се посади. Треба да биде зелно и бујно, зошта такви ќе бидат и жетвите во текот на годината, вели старото верување.

Пченицата се сади на празникот Свети Никола, на 19 декември кај православните, а кај католиците на 13 декември на денот Света Луција.

За садење потребни ви се рака пченица и чинија во која ќе ја посадите.

Во плитка чинија ставете земја, а на неа наредете ја пченицата, која стоела во вода во текот на ноќта. Одозгора покријте ги зрната со уште малку земја, која секој ден ќе на наводенувате, односно прскате со вода на собна температура.

Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само се распоредуваат на дното на садот, во потполност да го покријат.
До ивицата се остава барем 1 сантиметар бидејќи пченицата со никнувањето ќе се прошири. Заливајте умерено. Најдобро е само да се прска со вода, еднаш до два пати дневно.
Во средина на садот може да се остави празен простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија, по желба, во средина ставете малечка чаша (за ракија). Зрната нанесете ги околу чашата.
Пченицата која сте ја засадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина натопена со вода, за да зрната набабрат и да има доволно количество влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци ткаенината треба да се тргне за да пченицата расте без проблем.
Пред да се стави на маса, житото се шиша со ножици да биде рамно, бидејќи често израснува нерамномерно.

На Бадник ставете свеќа во средина, а житото на средина врзете го со црвена машна.

фото: Rudina Press

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *