(ФОТО) Претседателот Пендаровски и сопругата ја украсија новогодишната елка

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета, ја украсија новогодишната елка во Канцеларијата на Претседателот, или сега познато како „Млади Хаб“. Претседателот и сопругата елката ја китеа во друштвото на децата и младите од „Трисомија 21“.

„Василиј, Тихон, Наума, Христо, Марио, Матеј, Стефан, Ана-Марија, Дарко, Јована, Елена, Цако, Илина, Ники, Игор, Ива и Денис со мене и сопругата Бети ја украсија новогодишната елка во #МладиХаб – Канцеларија на претседател. Заедно со Кристијан се обидовме да им ја доловиме магијата на претстојните празници на децата и младите од “Трисомија 21”. Празниците може да почнат! “, напиша претседателот на официјаниот ФБ профил.

фото: ФБ претседател

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *