ФОТО: Се вери Маријан Стојаноски

Поп-пејачот Маријан Стојановски се вери со Наташа Каранџуловска. Тој се пофали и на социјалните мрежи, и сподели неколку фотографии. Маријан и Наташа беа подолго време во љубов пред да се решат за брак.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од нивната веридба, на кои се гледаат букетот цвеќе, пригодната торта и секако, прстенот со кој Марјан ја побарал Наташа за сопруга.

Марјан Стојановски на македонската естрада се прослави со настапите на Скопскиот фестивал, како и на Макфест. Негови најзапаметени хитови се секако, „Роденден“, „Дали ти си ова небо“, потоа „Ненаситен“, како и „Срце ќе ти украдам“. Тој доаѓа од Крушево, од каде беше и Тоше Проески.

Стојановски можеби подолго време нема издадено нова песна, но тој е активен член на хорот на операта во МОБ.

фото: ФБ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *