(ВИДЕО) Што се тоа Кемтрејлови, зошто и како не запрашуваат? Воен пилот проговори …

Воен пилот направи чекор напред за човештвото и ја разголи вистината за хемиското запрашување на планетата во кое и самиот учествувал, пишува cosmicconvergence.org.

И мене ми недостига убавото сино небо од мојата младост и се срамам поради тоа што сум заслужен што го нема веќе, вели тој.

Станува збор за незаконски и особено деструктивни проекти кои се викаат „Глобална програма Кемтрејлс“. Во видеото е презентирана вистинита приказна за храбриот пилот кој е скршен поради тоа што заедно со своите соборци врши хемиско запрашување. На тој начин, со овие информации тој го ризикува својот живот и животот на своето семејство. Додека ја слушате неговата приказна или додека го читате овој текст, не заборавајте дека хемиското запрашување се врши 24 часа на ден 7 дена во неделата. Ова е само дел од неговото сведоштво.

„Пред сѐ би сакал да кажам дека не се согласувам со она што го работам, односно со задачите кои морам да ги извршувам. Но, што може да стори еден обичен војник? Неколкумина сметаме дека она што го работиме не е исправно и е спротивно од добро, а од време на време сме навистина избезумени. Морам да ви кажам дека нѐ држат во темница и не ни даваат искрен одговор за прскањето на земјата. Доколку се открие дека јас или некој од моето семејство се распрашува за кемтрејлери, следуваат автоматски и брзи дисциплински мерки.

ХААРП и Кемрејлс се два поими за кои ни е забрането да се распрашуваме. Сѐ се следи што се распрашуваме, што истражуваме и што гледаме. Нашите деца не учат нешто на училиште (внатре) во базата, а школувањето на децата во јавниот систем или преку приватно туторство дома, ни е забрането.Често се поставува прашањето зошто пилотите би ги труеле своите деца. Јас лично се справувам со тоа на овој начин, но морате да знаете дека преку 80 отсто од војниците кои работат на овие проекти немаат семејство и немаат деца.

На исклучително оддалечени острови сместени се ХААРП антените (технологија со помош на која се овозможува да се предизвикаат сите временски погоди и непогоди на кој било дел на планетата) како и сета друга инаква технологија. Морнарицата дури има развиено и софистицирана технологија за изградба на цели бази под вода, во морето.

Тоа овозможи да се изградат многу автономни подморници-роботи кои патуваат на големи далечини. Долу има цели градови. Секогаш кога ќе чуете и ќе видите дека станува збор за масовни воени вежби на море, тоа е тоа. Никогаш нема даги видите тие бази на, да речеме, Gооglе Еаrth.

Прво ќе ни покажат видео од катастрофално разорување на нашата татковина со софистицирано оружје и потоа ќе речат дека такви ќе бидат последниците ако не летаме. Нѐ уверуваат дека работиме на изградбата на одбранбениот штит и атмосферско оружје како заштита на нашата татковина и на светот.

Сите во ветеранската заедница знаеме за програмата која се вика „„flаshpоint“ или скратено „FP-03″. Таа програма е за самоуништување на авиони и пилоти, а може да се активира од каде било, од земја, од вода, или под вода, како сакаат. Свесни сме дека ако се посомневаат во нешто, можат да нѐ срушат за само 15 секунди.

Ни велат дека тие програми служат како заштита да не паднеме во густо населени подрачја. Но, застрашувачки е да леташ, а да знаеш дека тие со далечински управувач можат да управуваат со нашите авиони. Но, длабоко во потсвеста знаеме дека таа програма е всушност за да нѐ контролира нас и нашите активности. Попрво би нѐ убиле во лет отколку да дозволат јавно да се делува.

Секогаш бараат да летаме на сѐ помали и помали висини. Се чувствуваме како масивни „мрачни сили на царството“. Како запрашувачи на посеви. И луѓето нѐ гледаат, зашто летаме ниско. А некои фармери дури и пукаат во нас. Но, овие информации никогаш нема да дојдат до медиумите. Едноставно го игнорираат тоа и не објавуваат. А исто така, на медиумите не им е дозволено да знаат и да учествуваат или да ги следат нашите летови. Тоа е вистината.

фото: aviation.stackexchange.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *