Бејзбол палката на Бејб Рут се продаде за 1 милион долари

Палка на легендарниот бејзбол играч Бејб Рут се продаде на аукција за еден милион долари.

Рут, кој почина во 1948 година, ја подарил палката на еден пријател во 1940-ите, чие семејство ја чувало скриена со децении. Палката е славна по тоа што Рут со неа го извел 500. хоумран во кариерата. Името на новиот сопственик не е објавено.

„Предметите што му припаѓале на Бејб Рут остануваат меѓу највредните артефакти за колекционерите низ светот“, изјави Дејвид Колер, претседателот на аукциската куќа СЦП.

Во јули, дрес што Рут го носел во 1920-ите и 1930-ите достигна цена од 5,64 милиони долари.

Палката три децении стоела во шкаф во домот на Тери Рајс, чиј татко Џим ја добил од Бејб Рут. Тој се плашел да ја покаже палката во јавност бидејќи мислел дека би можела да биде украдена.

„Помислив дека сега е вистинско време да се продаде ова парче спортска историја“, изјави тој за „Ројтерс“.

фото: 24 инфо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *