(ВИДЕО) Предновогодишен акустичен концерт на „Љубојна“ во НОБ насловен „Љубојна unplugged“

Еден од најреномираните македонски етно-бендови Љубојна на 22 декември во Македонската опера и балет ќе одржат акустичен концерт

Во медиумскиот етер е актуелен спотот за нивниот последен сингл „Севдо ле“, од новиот албум, реализиран заедно со Македонската филхармонија под диригентство на Џијан Емијн.

– „Љубојна“ за првпат откога постои в недела ќе одржи акустичен, анплагд концерт. Ќе се обидеме и публиката да ужива како и ние и нашите гости на сцената. А сѐ ќе се случува во една шумска идила, каде гласот на Вера ќе звучи малку поинаку. Се надеваме дека среде овој смог во земјава на сите што ќе дојдат ќе им годи нашата зелена приказна. Тоа што ни е драгоцено, воздухот, музиката и љубовта ќе го споделиме со сите што ќе присуствуваат на нашиот концерт – рече Оливер Јосифовски на денешната прес конференција.

Пред шест месеци „Љубојна“ беше гостин на концертот на Влатко Стефановски во „Лисински“, а сега Оливер и Вера најавија скорешен концерт во Хрватска.

фото: youtube

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *