(ВИДЕО) Стоковната куќа Galeries Lafayette Haussmann ја има најраскошната елка

Изградена во 1889 година, стоковната куќа Galeries Lafayette Haussmann е еден од модните симболи на Париз и според статистиката, оваа локација е втора најпосетувана дестинација во градот, веднаш после Афеловата кула. Токму во оваа стоковна куќа секоја година се претставува новогодишна елка која има специфична тематика.

Стаклената купола во неовизантистки стил е висока 43 метри и токму нејзината висина дозволува поставување на голема елка, која всушност виси од врвот на куполата. Оваа година темата на новогодишното китење на елката e пчелина кошница, а на нејзиниот врв има украс на пчела матица.

фото: galerieslafayette

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *