Вино – пијалок на боговите и луѓето

Доколку консумирате вино во мали количества, листата на придобивки од овој пијалок познат како пијалок од боговите е голема. Докторите препорачуваат да се пие по една чаша вино дневно, бидејќи преминувањето на оваа граница може да се одрази негативно врз здравјето.

мерената консумација на вино превенира кардиоваскуларни заболувања, го намалува нивото на вкупен холестерол, ги подобрува когнитивните способности, ги зголемува имунитетот и отпорноста на организмот од болести. За овие и многу други полезни дејства на виното биле свесни и нашите предци. Многубројните народни преданија, совети, рецепти, кои виното го препорачуваат како ефикасен лек за многу здравствени состојби, значајно придонеле за неговата репутацијата на благотворен пијалак, која тоа несомнено ја има.

Виното содржи повеќе од 1.000 состојки. Освен витамините и минералите, кои се содржани во виното и помагаат за голем број функции во организмот, виното содржи и хранливи состојки, шеќер , глицерол, протеини и алкохол. Од витамините присутни се: A, Б, Ц и повеќе минерали од кои најистакнати се натриумот и магнезиумот врзани за органска (винска) киселина. Црвеното вино е побогато со хранливи состојки, додека белото вино во составот содржи поголемо количество рибофлавин (витамин Б2) во однос на црвеното вино. Витаминот Б е стабилен и не исчезнува со стареење на виното.

Консумирањето вино значително ја намалува можноста за појава на карциноми, го зголемува „добриот холестерол“ (ХДЛ), а истовремено го намалува „лошиот холестерол“ (ЛДЛ). Исто така го намалува и крвниот притисок.
Помага при лош проток на крвта низ артериите, бидејќи ги шири крвните садови со што се подобрува протокот на крвта низ телото. Виното е одлично за анемија, која може да се спречи со консумирање вино во умерени количества.

Виното во мали количества го зголемува либидото. Кога е во прашање виното како афродизијак, умереноста е клучот на ова прашање: потребно е само малку вино, за да се почувствуваат овие ефекти.

фото: Bašta Balkana

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *