Храната треба да биде лек, а лекот треба да ни биде храна, што јадеме и како тоа влијае на нас?

Лидија Несторовна Сурина е биолог, фитотерапевт и билкарка веќе 40 години. Објавила неколку книги за лековитите својства на локалните билки. Нејзините совети се многу популарни ширум светот, објави НМД.МК.

“Денес многу повеќе се разболуваме, бидејќи јадеме многу увезена храна. 65% од месото е увозно, увезуваме и јадеме многу банани и портокали. Добро е да јадеме увезена храна, ама таа да биде само 10% од вкупно внесената храна. Кога јадете многу увезена храна која не е од нашето поднебје, тогаш нема да можете да се прилагодите на условите на местото во кое живеете. Тоа е основниот закон на природата.”

Еднаш зедов Иван-чај (Врбовка, лат.Epilobium) од неколку произведувачи, за да го проверам нивото на витамини во него. Се покажа дека Иван-чај има 6 пати повеќе витамин Ц отколку лимонот.

Оној кој расте во Салехард има 20 пати повеќе витамин Ц. Колку расте посеверно толку е побогато со витамини и минерали од чаевите што растат на југ (има каротени и витамин А дури 10 пати повеќе од оној што расте во Тјумен). Па како тогаш луѓето од северот може да јадат јужно овошје и зеленчук? Дали ме разбирате? Од таа храна може само да се разболите!

Па дури и самиот Иван Грозни уште во 1580 година рекол: “Ако сакате освоите земја, доведете им туѓи производи!” Е тоа денес ние самите на себеси го правиме!”

извор: НМД.мк

фото: Iportal MK

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *