Колку треба да спиеме, за да сме наспани?

Спиењето е многу важно за здравјето иако можеби вам не ви изгледа така. За добар сон потребно е да се заспие во рок од 30 минути, да не се будите во текот на ноќта и да спиете барем 85 отсто од вкупното поминато време во кревет. Ако предолго спиете, се будите по неколку пати во текот на ноќта и поминувате многу време будни, вашиот сон не е квалитетен.Еве колку треба да спиете за да имате убав и успешен ден, поточно да се разбудите наспани, полни со елан и желба за успешен ден.

Возраст и сон

Научниците откриле поврзаност помеѓу возраста и потребниот број на часови за добар сон:

  • 0-3 месеци: 14-17 часа
  • 4-11 месеци: 12-15 часа
  • 1-2 години: 11-14 часа
  • 3-5 години: 10-13 часа
  • 6-13 години: 9-11 часа
  • 14-17 години: 8-10 часа
  • 18-25 години: 7-9 часа
  • 26-64 години: 7-9 часа
  • 65+ години: 7-8 часа

Колку е повозрасен човекот толку помалку часови за спиење му се потребни, во зависност од децата.

На бебињата им е потребно најмногу сон, на децата до 18 години им се потребни до 10 часа сон, а подоцна периодот за квалитетен сон доаѓа до стандардните и познати 7-9 часа.

фото: Intermountain Healthcare

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *