Не се залажувајте, не се губат 10 килограми за 10 дена, изберете здрав начин на слабеење …

Слабеењето главна тема поготово кај жените пред празници и во лето. Сето ова го користат одредени лица нудејќи разноразни препарати за слабеење со кои како што велат за само 10 денови може да ослабете 10 килограми, а при тоа седите пред телевизор и гледате серии.

Но, овие таканаречени „брзи диети“ може да направат да изгубите 10 килограми вишок, но тие изгубени килограми ќе се вратат со иста брзина со која сте ги елиминирале, бидејќи во 10 дена-брза диета – може да се изгуби само вода, а не и масно ткиво.

Што се однесува до „магичните“ капсули, нема да слабеат наместо вас, но ако говориме за додатоци во исхраната, тие засигурно можат да го поттикнат вашиот организам да губи масти, без нарушување на здравјето.

Заборавете на брз губиток на килограмите, бидејќи во тој случај ќе изгубите само вода, а килограмите за кратко време ќе се вратат.

Губитокот на килограми варира од човек до човек и всушност, најмногу зависи од метаболизмот на индивидуата, а секако и од вложениот труд. Ако метаболизмот е брз, килограмите секако дека ќе се елиминираат побрзо, а доколку е спор, ќе бидат потребни некои додатоци за да може тој да се забрза.

Никогаш не се изгладнувајте за побрзо да ослабете, подобро сменете ја исхраната и започнете да вежбате. Здравата исхрана и вежбањето ќе имаат поспори резултати од изгладнувањето, но подоцна тие килограми нема така лесно да ви се вратат.

Бидете трпеливи и ослабете на правилен начин. Неколку месеци за слабеење на 10 килограми не е многу, ама долгорочно ќе бидете многу позадоволни со своето тело и успехот.

Во здравото слабеење може да ви помогнат природните додатоци во исхраната бидејќи го поттикнуваат метаболизмот и ја зголемуваат термогенезата, односно, топењето на масните наслаги. Такви додатоци се сокот од лимон доколу го пиете со млака вода, лененото семе, ѓумбир, рен…

фото: nl.123rf.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *