Масло од рузмарин и кокос – тајна за обнова на оштетената коса, еве како?

Честот миење на косата, сушење со фен, но и нанесување фарби лакови за коса, пеглање или виткање многу ја оштетува косата. Токму поради тоа треба често да користите маски за коса кои ќе ви помогнат да ја обновите исушената и оштетена коса. Ви нудиме начин со кој може да ја обновите оштетената коса во домашни услови.

  • На чиста шампонирана коса ставете крпа за да ја засуши косата, потоа масирајте ја кожата на главата со дестилиран оцет 15 минути. Енергично тријте со врвовите од прстите. Потребно ви е од прилика еден филџан оцет. По масажата, земете лажица масло од рузмарин (кое инаку се користи за подобрување на растот на косата) и масирајте ја главата. Ако имате густа коса, додајте уште една лажица масло од рузмарин. Докажано е дека маслото од рузмарин ги стимулира фоликулите на косата, па ако фоликулите се здрави, ќе биде здрава и косата. Сè уште немојте да ја плакнете косата! Откако сте го измасирале коренот на косата и сте ја подобриле циркулацијата, земете кокосово масло и намачкајте ги рацете. Нанесете го нежно со рацете од краевите кон коренот на косата, но не до самиот корен, туку некои 5 сантиметри до него. Немојте да нанесувате премногу кокосово масло на рацете затоа што тешко ќе го исплакнете. Кокосовото масло е подобро од маслиновото бидејќи подобро продира во косата.

Овој процес повторувајте го два до три пати неделно, во зависност од тоа колку ви е оштетена косата.

фото: Hairstyle Camp

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *