Почина славниот моден креатор Емануел Унгаро

Францускиот моден креатор Емануел Унгаро почина во Париз, во 86-та година од животот, соопшти неговото семејство.  Тој беше француски моден дизајнер, кој себе се опишувал како сензуално опсесивен. Унгаро беше моден гигант кој еднаш рече: „Не треба да носите фустан, туку да живеете во него“.

Унгаро ја основа модната куќа „Унгаро“ во 1965 година. Занаетот го научил од неговиот татко, Италијанец кој избегал во Франција од фашизмот и му подарил машина за шиење на својот син.

Унгаро се преселил во Париз на 22-годишна возраст, каде наскоро започна да работи за дизајнерот Кристобал Баленсијага.

Од 1988 година, тој бил во брак со Лора Бернабеи, со која ја имаше ќерката Косиму.

фото: France 24

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *