Анџелина Џоли е лиценциран пилот има и сопствен авион, но зошто научила да лета?

Познатата актерка Анџелина Џоли (44) е лиценциран пилот и има свој авион со кој може да лета кога сака. Таа откри зошто решила да се обиде во таа улога .

-Кога мојот син Маокс беше мал, беше опседнат со авиони и јас заради него посакав да се пробам во таа улога. Сакав да биде горд на мама, изјави Анџелина.

Таа поседува „Cirrus SR22“ кој е проценет на вредност од околу 586 илјади евра, за кој вели дека е корисен кога има гужва по патиштата.

фото: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *