(ВИДЕО) Алое вера – Кралица на лековитите билки

Алое вера е билка која од дамнина е позната како еликсир на долговечноста. Поради својата хранлива вредност и исклучителните лековити својства, ја нарекуваат „Кралица на лековитите билки“.

Низ светот оваа билка е попозната како Aloe vera Barbadensis Miller. Името го добила по ботаничарот Милер, кој ја открил на островот Барбадос, и ја сместил во регистарот на лековити билки.

Алое вера е билка која содржи повеќе од 200 потврдени состојки, полезни за човековото здравје. Постојат повеќе од 250 видови на алое, но со најмногу лековити својства се само 3-4 вида. Најлековита е Aloe Barbadensis Miller.  Алое успева во најтоплиот тропски појас. Целосно развиеното растение во просек е високо 75-120 сантиметри и има 12-15 листови, широки 10-13 сантиметри, дебелина 2-3 милиметри.

Алое верата е многу моќно средство при борбата со многу болести и медицински состојби. Меѓу нив спаѓаат и: подобрување на работата на бубрезите и жолчката, регулација на шеќерната болест, зачувување на здравјето на срцето и крвните садови, олеснување на болката при болести на имунолошкиот систем и негово зајакнување, ублажување на симптомите кај алергиите, намалување на воспаленијата на респираторниот систем, намалување на болката во зглобовите, ревмата, остеоартритисот и остеопорозата, ги лекува болестите на очите во форма на капки за очи, ја негува кожата и успешно се бори против кожните болести.

Маста од алое вера се користи за третирање на разните промени што може да се случат на телото. Најефикасна е за благи изгореници, псоријаза, акни итн. Исто така, се користи за третман на хемороиди и проширени вени. Гелот од алое вера содржи антивоспалителни супстанци и се користи за третман на рани од убоди од инсекти. Алое вера е најдобро познатиот лек за третман на кожата.

Маста од алое вера ја зацврстува кожата, ја прави пофлексибилна и ја лади. Создава слој врз кожата и има смирувачки ефект. Најчесто, оваа маст ја користат младите луѓе и оние кои имаат проблеми со акни

Алое вера може да се користи и орално. Алоето може да се пие во форма на сок или да се јаде како дел од различни рецепти. Погоден за луѓето кои страдаат од кој било вид дијабетес, артритис или чир на желудникот.

Доколку користите алое вера, треба да сте свесни дека поголеми количества можат да предизвикаат несакани нус појави. Најизразената нус појава од претерано користење на алое вера е ефектот на лаксатив.

Алое вера е одличен лаксатив и токму затоа е неопходно правилно дозирање, за да се избегнат несаканите ефекти.

фото: Medical News Today

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *