Лов, спорт или?

Ловот не е спорт, ловот е страст за убивање. Зборот спорт е синоним за натпревар, а не убивање од заседа на невини животни. Тој е манифестација на сила и свирепост кон послабите кои подеднакво како и човек чувствуваат болка. Но потребно е нешто повеќе од очи, за тоа да се види.

На тема ловот како спорт денеска свој стаус објави и Д-р Јадранка Бибан. Таа на својот фб профил напиша:

Ловот не е спорт, како што сакаат да нагласат ловџиите. Ловот е развојна фаза во свеста на индивидуата. Во минатото имало лов на луѓе (робови), имало и гладијаторски борби кои морале да завршат со смрт на поразениот, па со развитокот на човечката свест, таквите „спортови“ се прогласени за нехумани, нечовечки и доста од нивната содржина е забранета или барем прогласена за незаконска. Но свеста на поединци сеуште не може да го достигне таквиот степен на расудување и себеспознавање, па затоа денес сеуште има индивидуи кои одат во агресорски војни, или пак се бават со спортови каде поразениот „несреќно“ завршува со смрт (неколку случаи во боксот за последниве месеци), а исто така има и ловџии кои „спортуваат“ со смртна завршница на живи и невини единки кои ловџиската свест ги смета за „живи суштества со пониска вредност“.
Јас познавам многу ловџии и многу ретко со нив разговарам на оваа тема, бидејќи самиот почеток на ваков разговор кај нив буди „агресија на самоодбрана“, која потоа најверојатно ќе ја истрасираат спрема животните предвидени за отстрел…
Мислам дека е потребно време, и тоа подолго, затоа што развитокот на индивидуалната свест е процес кој трае долго и тоа е нешто кое не може да се научи, туку треба да се препознае во самиот себеси…
“, напиша Бибан на ФБ.

Но ловењето, ловството или ловот, како дејност чија основна цел е одгледување, размножување, заштита, ловење и користење на дивечот. Основна цел на активностите од овој домен е формирање и трајно одржување стабилни популации дивеч, со оптимална полова и возрасна структура за континуирана репродукција на здрави и квалитетни единки со високи трофејни вредности. Како стопанска дејност ѝ се придава посебна важност, особено од аспект на заштитата на природата.

Во Македонија постојат 265 ловишта, од кои 250 имаат постојан концесионер. Притоа, најголем број ловишта има во околината на Скопје, а повеќето македонски ловишта се за ситен дивеч.

Цената за уловен дивеч пред зависи од животното и неговата големина. Тој се вреднува со поени. Сумите за уловено животно, се според тоа кое животно е уловено од 750 ева до скоро 9000евра.

Ситниот дивеч под зашита чини помалку во однос на покрупниот, па така сумите овде се движат од 5 евра до 500 евра.

Колку е сето ова хумано пресудите сами?

фото: Архива

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *