„Дедо Мраз“ ограбил банка – парите ги фрлал по улица и викал: „Среќен Божиќ“

Возрасен маж со бела брада и мустаќи ограбил една банка во Колорадо Спрингс во САД. Украдените пари почнал да ги фрла по улица и на случајните минувачи да им посакува „Среќен Божиќ“, пренесува ББЦ.

Дејвид Вејн Оливер (65) бил уапсен во близина на кафулето Старбакс откако ограбил банката„ Академија“ во Колорадо Спрингс во понеделникот попладне, соопштила полицијата. Тие додале дека осомничениот „се заканил дека ќе употреби оружје“ и ја напуштил банката со неодредена сума пари.
Портпаролот на полицијата не бил достапен за коментар, но локалната ТВ-станица ККТВ објавила изјава од очевидец, Дион Паскале, кој рекол дека Оливер ја напуштил банката и фрлал пари насекаде. „Тој започна да фрла пари од торбата пред да вика ‘Среќен Божик’“, го цитирала телевизијата „Паскале“.
Еден очевидец додал дека минувачите зеле дел од парите и ги вратиле во банката, додека Оливер влегол во Старбакс, седнал и чекал полицијата да го уапси, јавила ККТВ.

Сè уште не е познато дали тој има адвокат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *